ТОЈ Е ПОВТОРНО ТУКА | Фестивал на Новиот Германски Филм

ТОЈ Е ПОВТОРНО ТУКА

345528

Режија: Давид Внент
Германија 2015, 111 минути
Со: Оливер Масучи, Фабиан Буш, Кристоф Мариа Херпст
(Комедија/сатира)

Според романот на Тимур Вермес
Наменето за публика над 12 години

Берлин 2014: Адолф Хитлер се буди збунет,
но со најдобро здравје на една полјана.
Како е можно тоа? Што се случило? Колку
само се променил светот по неговото
неславно заминување! Брзо ќе научи да се
снајде во новата средина. Кога ќе го открие
интернетот, ќе го добие вниманието на
медиумите и започнува како наводен наци-
пародист кариера на телевизиска ѕвезда.
Филмот го поставува актуелното прашање,
како е можно и во денешно време, една
цела земја да подлегне на фасцинацијата
на еден диктатор. Умешно се разоткриваат
механизмите на медиумскиот апарат.
Преку комбинацијата на играни сцени
со документарен материјал се создава
зачудувачка автентичност. Без мака
успешно се претставува дискрепанцата меѓу
забавната комедија и зајадливата сатира,
при која смеата ви останува во грлото.

Останати филмови...

Резервација на билети во Скопје

Кино Милениум
Телефон: (02) 3120-389
bileti@kinomilenium.mk

Кино Фросина
Телефон: (02) 3115-225
bileti@mkc.mk