Поздрави од Фукушима | Фестивал на Новиот Германски Филм

Поздрави од Фукушима

gruesse-aus-fukushima

Режија: Дорис Дери
Германија 2016, 104 минути
Со: Розали Томас; Каори Момои
(Комедија/сатира)

„Филм, кој му дава вредност на животот.

Толку убаво…“ (Donna)
„Фотографски моќно во елегантна црно-
бела верзија.“ (Madame)

Бегајќи од „скршените“ животни
соништа, младата Германка Мари оди
за Фукушима во име на организацијата
„Clows4Help“, за да им приреди
малку радост на преживеаните од
катастрофата во 2011 година. Но Мари
многу брзо ќе увиди и ќе си признае
дека таа воопшто не е соодветна за тоа.
Но, пред одново да избега, одлучува
да остане кај тврдоглавата Сатоми,
последната гејша на Фукушима, која се
враќа сама во својата уништена куќа во
заштитената зона.
Две жени кои не може да бидат
поразлични, но се заробени во минатото
и мора да научат да се ослободат од
духовите на нивните сеќавања.

Баварска филмска награда: „најдобра актерка“
ПАНОРАМА награда од публиката 2016
Награда Хајнер Каров – 66. Берлинале

Останати филмови...

Резервација на билети во Скопје

Кино Милениум
Телефон: (02) 3120-389
bileti@kinomilenium.mk

Кино Фросина
Телефон: (02) 3115-225
bileti@mkc.mk