АВАНТУРAТA НА НЕЛИ | Фестивал на Новиот Германски Филм

АВАНТУРAТA НА НЕЛИ

a898e8399d1bcf99d0ceb1a2832c706286fc7891

Режија: Доминик Весели
Германија 2016, 98 минути
Со: Флора Ли Тиман; Јулиа Рихтер; Кај Лентрот
(детски филм)

Тринаесетгодишната Нели Клабунд е тотално изнервирана. Нејзините родители сакаат против нејзина волја да го поминат летниот распуст во Романија. Но, тоа не е сѐ. Од водачот на патувањето Нели дознава дека одморот всушност ќе премине во преселба на семејството. Татко ѝ нашол одлична нова работа во Романија. „Тие се луди“ мисли Нели. Да се откаже од целиот свој живот во Германија? Нејзиното училиште, нејзините пријатели и скејт паркот? – Сигурно не! Нели е толку лута, што ќе избега. Ќе се изгуби и ќе се втурне во авантура, со која ќе наиде на бескруполозни претприемачи и вистинско пријателство.

Останати филмови...

Резервација на билети во Скопје

Кино Милениум
Телефон: (02) 3120-389
bileti@kinomilenium.mk

Кино Фросина
Телефон: (02) 3115-225
bileti@mkc.mk