НА ИСТА ВИСИНА | Фестивал на Новиот Германски Филм

НА ИСТА ВИСИНА

400462

Режија: Јоахим Долхопф; Ефи Голдбрунер
Германија 2016, 99 минути
Со: Луис Форбах; Јордан Прентис; Аница Добра
(филм за деца и младинци)

„Филм за целото семејство, кој поттикнува на размислување и поради кој на крајот гледачите полни со надеж ја напуштаат кино салата.“ (Deutsche Filmund Medienbewertung) На десетгодишниот Михи не му е лесно. По смртта на мајка му живее во Дом за деца, каде што мора да се бори за признанието на другите деца. Кога случајно ќе ја најде адресата на својот дотогаш непознат татко, ќе му се исполни најголемата желба. Си го замислува татко си како голем човек, кој ќе го прифати и ќе го заштити. Колку ќе биде разочаран кога ќе дознае дека татко му е со џуџест раст. Останатите деца во Домот го задеваат уште повеќе поради тоа. Од очај ќе биде нефер кон сопствениот татко, кој и самиот е повреден. Ќе најдат ли заеднички јазик двајцата?

Останати филмови...

Резервација на билети во Скопје

Кино Милениум
Телефон: (02) 3120-389
bileti@kinomilenium.mk

Кино Фросина
Телефон: (02) 3115-225
bileti@mkc.mk