ВРЕМЕ НА КАНИБАЛИТЕ | Фестивал на Новиот Германски Филм

ВРЕМЕ НА КАНИБАЛИТЕ

317270

Режија: Јоханес Набер
Германија 2014, 97 минути
Со: Девид Стризов; Себастиан Бломберг; Катарина Шитлер
(драма, сатира)

Наменето за публика над 12 години

Тивко бучи клима уредот, дебели теписи ги
пригушуваат чекорите. Елерс и Нидерлендер,
успешни советници на фирми живеат во светот на
луксузните хотели. Со години двајцата патуваат низ
најсиромашните земји од светот, за бескруполозно
да го задоволат апетитот на своите муштерии-
шефови. Жената, која ќе се искачи погоре од нив
на скалата на кариерата, ќе им стане противник
и ќе го разбранува уиграниот машки тим. Кога
надвор пред хотелот ќе избие граѓанска војна и
милитантните исламисти ќе го заземат хотелот,
хаосот влегува и во светот на луксузот. Договорот
на нивниот живот ќе стане кошмар.
Филмот е горчлива црна комедија со гротескен
хумор и дијалози остри како берберски нож.

„Филмот ги сецира неврозите на оптимирачкото општество.“ (ZEIT ONLINE)
Германска филмска награда 2015, бронзена награда во категориите:
„најдобар игран филм“, „најдобро сценарио“

Останати филмови...

Резервација на билети во Скопје

Кино Милениум
Телефон: (02) 3120-389
bileti@kinomilenium.mk

Кино Фросина
Телефон: (02) 3115-225
bileti@mkc.mk