100 РАБОТИ | Фестивал на Новиот Германски Филм

100 РАБОТИ

TSCHICK_Hauptplakat_A3_RGB

Режија:  Флориан Давид Фиц
Германија 2018, 111 минути
Со:  Флориан Давид Фиц, Матиас Швајгхефер, Мириам Штајн, Ханелоре Елснер
(комедија)

 

 

Наменето за публика над 6 години

„весела, заразна комика“ (MDR) „Предочува дека нема толку лесен излез од логиката на капитализмот.“ (SZ) Тони ја обожава својата еспресо машина. Паул својот мобилен телефон. Тони не може без таблети за растење на коса, Паул без своите свети патики. Но, пред сѐ, Паул не може без Тони и Тони не може без Паул. Но, тие не го знаат ова. Секогаш станува збор за тоа кој е подобар или покул, и токму поради тоа сега се наоѓаат во следната ситуација: седат тука, без мебел, без облека, голи и смрзнати. И тоа уште на првиот ден! 100 дена, се обложија, мора да се откажат од сѐ. Секој ден враќаат по еден предмет. И веќе се заплеткуваат во прашања, што претходно никогаш не им паднале на ум: што навистина му е потребно на човек? Ги поседуваме ли ние предметите или тие нас? Постои ли слободна волја воопшто, и колку често може да се користи долната облека, пред да заврши како посебен отпад?

Останати филмови...