Во време кога светлината згаснува | Фестивал на Новиот Германски Филм

Во време кога светлината згаснува

TSCHICK_Hauptplakat_A3_RGB

Режија:    Мати Гешонек
Германија 2017, 101 минута
Со:   Бруно Ганц, Хилдегард Шмал, Силвестер Грот

(Драма, Комедија)

 

 

За сите возрасти 

„Нема многу филмови кои толку веродостојно го отсликуваат Истокот со своите крутост, заспаност, надежи, желба за алкохол и тивок хумор. Овој дефинитивно е еден од нив.“ (ZEIT)

Источен Берлин, рана есен, година 1989. Вилхелм Повилајт, партиски член на СЕД, многупати одликуван и патријарх на семејството, денес ќе полни 90 години. ГДР, во чиешто создавање учествувал по сопствено уверување, се приближува до 40. – и последен -роденден. Вилхелм и сопругата Шарлота, се подготвуваат за почесниот ден. Соседи, сопартијци и пионери со песна ќе настапат, за да му честитаат на Вилхелм Повилајт, да му дадат цвеќиња и уште еден орден. И семејството на Шарлота и на Вилхелм е тука, само внукот Саша го нема никаде – пред неколку дена исчезна на Запад…

Номинација за најдобра машка главна улога / Награда за германски филм 2017 (Бруно Ганц )

Останати филмови...