СТИКС | Фестивал на Новиот Германски Филм

СТИКС

TSCHICK_Hauptplakat_A3_RGB

Режија:   Волфганг Фишер
Германија, Австрија 2018, 94 минути
Со:   Сузане Волф, Гедион О. Векеза

(Драма)

 

 

Наменето за публика над 12 години

Рике –докторка од Германија, 40 години – симбол на претставата на Западот за среќа и успех. Образувана, свесна за себе, амбициозна и ангажирана. Рике го поминува секојдневието во Келн како докторка од Брза помош, пред да замине на одмор во Гибралтар. Таму оди сама со едрилицата на пловидба по морето. Цел на нејзиното патување е атлантскиот остров Асценсион Исланд. Одморот нагло ќе ѝ биде прекинат, кога после бура во разбранетото море ќе се најде во непосредна близина на преполн рибарски брод што претрпел хаварија. На голем број луѓе им се заканува опасност да се удават, ако  таа не преземе нешто. Рике прво бара поддршка по радиоврска. Кога барањата за помош ќе ѝ останат неодговорени, времето притиска и спасот од други лица се чини неверојатен, така што Рике ќе мора да донесе одлука.

Баварска филмска награда 2018 за најдобра фотографија Берлинале 2018 – награда на егумениското жири – носител на награда Панорама

„Стикс е вистинскиот филм во вистинското време.“ (SZ) „Styx is, paradoxically, a beautiful, if eccentric film, (…) it focuses, at times, away from the dramatic to the mundane.” (Washington Post)

Останати филмови...