Среќата е за слабаци | Фестивал на Новиот Германски Филм

Среќата е за слабаци

TSCHICK_Hauptplakat_A3_RGB

Режија:   Анка Мируна Лазареску
Германија 2018, 95 минути
Со:   Ела Фрај, Матин Вутке, Емилиа Бернсдорф, Кристиан Фридел

(Трагикомедија)

 

 

Наменето за публика над 12 години

Штефан Габриел е надзорник на базен, посветен татко кој постојано се обидува да гледа позитивно на животот. Додека тој работи и како придружно лице за болните на смртна постела, двете негови ќерки, дванаесетгодишната Џесика и нејзината постара сестра Сабрина, се борат со сопствените проблеми. Џесика, која честопати ја сметаат за момче, мора постојано да се бори против своите невообичаени трикови. Со задоволство би се сменила со нејзината симпатична сестра, која и покрај тешката болест, се чини дека целосно владее со животот. Колку повеќе се влошува состојбата на Сабрина, толку полоши стануваат тиковите на Џесика. Мора да се најде план за спас. Во една стара книга ќе откријат ритуал со кој болестите треба да прејдат кај партнерот. Им останува уште малку време и Џесика мора да стори сѐ за да го спроведе животоспасувачкиот план.
Paraparë

Останати филмови...